Проблеми без граници за Барса – се повреди и Де Јонг

Проблемите на Роналд Куман околу составот на Барселона за наредниот период дополнително се зголемија по повредата што на вчерашното „Ел Класико“ ја заработи Франки де Јонг.

Холандскиот плејмејкер е клучен играч во тактиката на Роналд Куман, но екс-фудбалерот на Ајакс се повреди на дуелот со Реал Мадрид и мораше да биде заменет во 77. минута со Серхио Роберто.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека Де Јонг заработи повреда на мускулот на десната нога. Тој сигурно ќе го пропушти дуелот со Рајо Валјекано закажан за среда, по што ќе бидат извршени нови детални прегледи кои ќе покажат дали Холанѓанецот ќе може наскоро да се врати во тимот на Барса.

Се вчитува...