Проблеми без граници за Лампард: Челси без двајца првотимци до крајот на сезонава

Челси ќе биде дополнително ослабен до крајот на оваа сезона откако беше обелоденето дека Френк Лампард нема да може да смета на англиските репрезентативци Рис Џејмс и Мејсон Маунт до крајот на овој шампионат.

Лондонскиот клуб се наоѓа во сериозна резултатска криза, веќе остана без шанси за излез во фудбалска Европа, а Лампард кој дојде како привремено решение воопшто не ги оправда очекувањата. Токму менаџерот на „сините“ на прес-конференцијата пред утрешниот дуел со Брентфорд обелодени дека двајцата првотимци нема да му бдиат на располагање.

„Рис Џејмс нема да игра. Како што изгледа во моментов, сезонава е завршена за него. Каи Хавер исто така нема да игра со Брентфорд. Мејсон Маунт подолго време влече незгоден проблем, се обиде да се врати, но не успеа. Сега мора на операција, по што ќе следи пауза од еден месец“, обелодени Лампард.

Се вчитува...