Проблеми во „рајот“: Жесток конфликт Агуеро – Гвардиола (видео)

Манчестер Сити ги загуби првите два бода сезонава, а воедно бевме сведоци и на првиот конфликт во таборот на „граѓаните“, меѓу менаџерот Пеп Гвардиола и најдобриот стрелец на тимот, Серхио Агуеро.

Аргентинецот постигна погодок за водство од 2-1, но откако Тотенхем израмни Гвардиола реши да го замени Агуеро со Габриел Жезус. На аргентинскиот ас дефинитивно не му беше сеедно, па при излегувањето од игра влезе во конфликт со стратегот, кој пак му замеруваше што му требало толку време да го напушти теренот.

По постигнувањето на победничкиот гол во 92. минута се чинеше дека страстите меѓу двајцата се смирени, но потоа ВАР-технологијата ја „растури“ прославата.

Се вчитува...