Проблеми за „Фараните“ со летот кон Скопје, останаа „заглавени“ на аеродром!

Ракометарите на Фарски Острови имаа проблеми со доаѓањето во Скопје. Тие денеска требаше да се упатат кон Македонија. Со лет од Торшавн до Копенхаген, па од таму до Скопје, меѓутоа поради лошото време, летот е откажан.

Дека летот од Фарски до Копенхаген е одложен, стои и на страницата на аеродромот во Копенхаген, па „Фараните“ останаа заглавени на својот аеродром. Во моментов се бара решение, а сигурно е дека денеска нема да отпатуваат во Копенхаген.

Сега се бараат алтернативи, па така е можно една група да замине на едно место, а другата сабајле да се упати кон Скопје. Во секој случај ова се неочекувани проблеми на противникот на Македонија во баражот, кој по првиот меч славеше со 34-27. Реваншот е на програма во недела.

https://roysni.fo/landslidid-strandad-i-foroyum-tvey-samdogur-adrenn-lagnudystin-i-skopje

Се вчитува...