Проблеми за Јунајтед: Еден месец без Лук Шо

Левиот бек на Манчестер јунајтед, Лук Шо ќе биде надвор од терените еден месец.

Шо се повреди на почетокот од мечот против Кристал Палас, па деталните лекарски прегледи потврдија дека ќе паузира најмалку четири недели.

Иако Оле Гунар Солксјер изрази желба Шо да се врати за викендот против Саутемптон, ќе мора подолго без дефанзивецот. Според календарот, Шо ќе ги пропушти натпреварите против Лестер, Вест Хем, Арсенал, Њукасл и Ливерпул.

Се вчитува...