Парагвајскиот маратонец Дерлис Ајала се најде во незгодна ситуација, бидејќи прерано направи тетоважа на која пишува Токио 2020. Тетоважата тој ја направи пред да бидат одложени игрите за 2021 година, па поради проблемот побара помош од фановите на социјалните мрежи.
„Може ли некој да ми помогне да ја променам „0“ со „1““, напиша Ајала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА