Проблеми за ПСЖ: Се повреди Ашраф Хакими

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, се здоби со повреда на десниот бут на натпреварот против Брест, соопшти францускиот клуб. Според информациите, Хакими во наредните два дена ќе биде подложен на третман, по што ќе биде позната неговата состојба.

Мароканскиот фудбалер го напушти теренот по 39 минути игра поради повреда за време на натпреварот против Брест во неделата. Хакими оваа сезона одигра седум натпревари за европскиот и францускиот шампион.

Во недела, ПСЖ ќе го пречека Марсеј во петтото коло од француското првенство.

Се вчитува...