Продолжува доминацијата на Ферстапен, конечно добра трка за Ферари

Актуелниот шампион Макс Ферстапен ја продолжи својата доминација сезонава во Формула 1 шампионатот, откако славеше на доминантен начин и на домашната трка на неговиот Ред Бул на „Ред бул ринг“ како дел од главната награда на Австрија.

Холанѓанецот повторно без никакви проблеми стигна до нов триумф откако во ниту еден момент од трката не им дозволи на своите ривали да се понадеваат на победа.

Првпат сезонава одлична трка имаше и Ферари, откако Шарл Леклер го освои второто место, а подиумот го надополни вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

Во топ 10 уште се најдоа и: Сајнц, Норис, Алонсо, Хамилтон, Расел, Гасли и Строл.

Се вчитува...