Продолжува мизеријата на Тотенхем, во шестото коло даде гол, но ќе почека за првата победа во Премиер лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотенхем продолжуваат со очајните игри сезонава, а менаџерот Роберто де Зерби се наоѓа чекор поблиску до отказ.

Во рамки на шестото коло од Премиер лигата, Тотенхем пред своите гледачи е поразен од Астон Вила со 2:3 и сè уште ја чека првата победа, но барем го постигна првиот гол.  По шест кола, Тотенхем има само два освоени бодови и катастрофална гол-разлика 2:8.

Новиот пораз на Тотенхем го најави швајцарскиот репрезентативец Манзамби со голот во последните моменти од првото полувреме. Голот на Манзамби може да го видите ТУКА.

Николас Џексон во 67-та минута зголеми на 0:2. Голот на Џексон може да го видите на следниот ЛИНК.  Трите бода за Астон Вила ги осигура Буендиа во 79-та минута.

 

 

Првиот гол за Тотенхем сезонава во Премиер лигата го постигна Конор Галагер во 86-та минута. Во судиското продолжение, Ван Хеке го ублажи поразот.

 

 

 

Се вчитува...