Продолжува „војната“ на Трамп со НБА ѕвездите: Не ги сакам Стеф Кари и Голден стејт во Белата куќа!

Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжува „војната“ со НБА ѕвездите и тоа на повеќе од контроверзен начин преку социјалните мрежи.

Од поодамна е познато дека Трамп не е во најдобри односи со големите НБА ѕвезди. Добро се познати медиумските препукувања со некои од нив, за да сега сето тоа продолжи со неговата објава дека нема да го има традиционалниот прием во Белата куќа за освојувачите на НБА трофејот.

„Нема да ги повикам Стеф Кари и Голден стејт за освоената титула… Нема прием“ – порача Трамп.

Како што е познато, традиција е во САД освојувачот на НБА прстенот да биде примен во Белата куќа. Сепак, од доаѓањето на Трамп на чело на САД сето тоа се промени. Што е право, најпрво НБА тимовите, поради неговите контроверзни ставови, одбиваа да одат кај него а сега, пак, тој им откажува гостопримство.

Уште од претходно, Леброн Џејмс и Стеф Кари порачаа дека без разлика кој ќе го освои трофејот воопшто не сакаат да бидат гости на Доналд Трамп.

Се вчитува...