Селекцијата на БиХ славеше над Катар со 3-1 за огромен чекор напред кон нокаут фазата од овој мундијал, триумф што беше најавен со прекрасниот погодок на Керим Алајбеговиќ.
Крилниот офанзивец тргна во соло-акција, одлично си создаде предност, за потоа со проектил од дваесет метри да го матира катарскиот голман и да донесе радост на илјадници босански фанови на стадионот во Сиетл.
Уште позначајно – Алајбеговиќ испиша мундијалска историја станувајќи најмлад фудбалер што дал гол со удар надвор од шеснаесетникот.
Босанскиот „бисер“ го стори тоа на воараст од 18 години и 276 дена, за речиси цела година уривајќи го рекордот на Килијан Мбапе, кој беше стрелец на СП со удар од далечина на возраст од 19 години и 207 дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
