Пролет и Радовиш победнички влегоа во Суперлигата

Ракометарите на Пролет со победа ја отворија новата сезона од Суперлигата. Во стартнто коло од највисокиот натпреварувачки ранг во домашата конкуренција, Пролет славеше со 21-19 на домашен терен над Охрид.

Откако по малкуефикасното прво полувреме имаше еден гол предност (8-7), Пролет исчекорот кон триумфот го направи достигнувајќи поопиплива предност во вторто полувреме.

Доне Мајнов со седум гола ја предводеше листата стрелци кај Пролет, Мартон Поповски постигна шест. Кај Охрид, Мартин Манасков со пет гола беше најефикасен.

Радовиш пак имаше контрола на резултатот во пресметката со Вардар Јуниор. Триумфираше со 32-28. На полувремето имаше шест гола предност, 18-12. Вториот тим на Вардар успеа да се приближи на два гола негатива во втората половина од вторто полувреме, но не успеа да додје до резултатски баланс.

Филип Трајанов со 15 гола беше прв стрелец на средбата и го предводеше Радовиш до победата. Филип Николов постигна седум погодоци. Сефан Крстевски имаше 13 гола кај Вардар Јуниор. Ѓорги Дука постигна пет.

Се вчитува...