Пролет ја продолжи одличната серија во Супер-лигата

Ракометарите на Пролет останаа непоразени и во седмото коло од Супер-лигата, откако попладнево славеа на гостински терен против Вардар Јуниор со резултат 27-38. Избраниците на Матлиески од раната фаза на мечот наметнаа темпо што младиот состав на „вардарци“ не можеше да го следи, не дозволувајќи победата во ниту еден момент да не биде доведена во прашање.

Предводени од Андоновски и Џонов, гостите во раната фаза од мечот поведоа со 1-4, потоа и со 2-5, контролирајќи го резултатот до пред крајот на полувремето. Вардар Јуниор успеа да се приближи на 9-11, потоа и на 11-12, но тоа беше се што „црвено-црните“ успеаја да сторат на овој натпревар. Пролет го заврши полувремето со резултат 15-18, а потоа во текот на целиот втор дел доминираше на теренот, на крајот заслужено триумфирајќи со убедливи единаесет гола разлика.

Мартин Поповски втор меч по ред има двоцифрен ефект, денеска постигна 11 погодоци, капитенот Ласко Андоновски реализираше десет (осум во првото полувреме) за Пролет, додека најдобар стрелец на Вардар Јуниор беше Стефан Крстевски со осум гола.

Се вчитува...