Пропадна тестот со Сент Китс, преговори со Иран за тест во Анталија

Фудбалската репрезентација на Македонија нема да игра пријателски натпревар против селекцијата на Сент Китс енд Невис на 30 мај. Во последен момент, преговорите со овој противник пропаднаа, па фудбалерите на оваа мала островска земја нема да допатуваат во Скопје на мегдан со избраниците на Игор Ангеловски. Ова требаше да биде и последен тест за „црвено-жолтите“ пред Лигата на нации која почнува во септември.

Но, сепак, обидите за да биде договорен уште еден тест – натпревар продолжуваат. ФФМ е во преговори со Фудбалската федерација на Иран за двете селекции да одиграат пријателски натпревар во Анталија во истиот период, кон крајот на мај. До крајот на оваа седмица би требало и официјално да биде познато дали ќе има решение за мајски тест на нашиот национален фудбалски тим.

Се вчитува...