Пјер Емерик Обамејанг нема да го облече дресот на Барселона во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона, откако пропаднаа обидите голгетерот од Габон во последниот ден од преодниот рок да се пресели на „Камп Ноу’.
Обамејанг утрово објави и своја фотографија од Барселона, како најава дека трансферот е блиску до реализација. Сепак, ваквото однесување на екс-капитенот само ги налутило челниците на Арсенал, кои воопшто не дале зелено светло за овој трансфер.
Следеле нова рунда преговори во која клубовите не се договориле околу висината на платата на фудбалерот (Барса не се согласила да ја покрие целата плата на Обамејанг, нешто на што Арсенал инсистирал), по која разговорите е прекинати, без шанса за договор до крајот на денот и преодниот рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА