Просинечки сепак останува на клупата на БиХ

Роберт Просинечки останува на позицијата селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, потврди националната федерација.

Раководните лица на федерацијата му дадоа потполна доверба на искусниот стратег и покрај лошите игри во квалификациите за Европското првенство. Босна и Херцеговина има минимални шанси за пласман на Еврошампионатот преку редовницте квалификации, но задача на Просинечки останува да ја одведе репрезентацијата на самитот на најдобрите во Европа преку Лигата на нации.

Се вчитува...