Просинечки со нов ангажман: Нов тренер на Кајсериспор

По завршувањето на својата задача како селектор на БиХ, Роберт Просинечки веднаш договори нов ангажман. Хрватскиот стратег, според пишувањето на турските медиуми, ќе биде нов тренер на суперлигашот Кајсериспор.

Претходно две тренерски активности на Просинечки беа како селектор на Азербејџан и БиХ, а сега повторно се враќа на клупските задачи.

Во својата тренерска кариера претходно ја водеше и белградска Црвена Звезда. Кајсериспор се наоѓа на последното место со 10 освоени бода по 17 кола во шампионатот на Турција.

Се вчитува...