Во пресрет на утрешниот натпревар меѓу Казахстан и Македонија на „Астана арената“ пред 30.000 навивачи, селекторот на казахстанската репрезентација, Али Алиев потенцираше дека против Македонија не смеете да си дозволите преголемо отворање на простор ако сакате позитивен резултат.
На денешната прес-конференција во Астана, Алиев беше запрашан зошто Казахстан не би играл против Македонија посмел, поотворен фудбал, на што одговори…
„Ако кажете да се игра отворено на напад, со поотворена варијанта, тогаш разбирате каква треба да биде одбраната. Треба да биде лесна, брза. Ние немаме можност да играме таков напад – на пример, три на три, во простор… Многу е тешко и одзема енергија. Многу простор. При подготовка на еден меч го замислувате составот, ги проучувате противничките играчи. Македонија ги има Барди, Елмас, Трајковски… Ова е многу лесно трио. Тие играат во Европа и предизвикуваат многу проблеми за секоја одбрана. Ако зборуваме за постигнати голови, тогаш постигнуваме голови на секој натпревар. Значи не е дека немаме напад. За жал, на некои мечеви квалитетот не ни дозволува да ги реализираме нашите шанси, на други теренот, на трети противничкиот голман. Дури и против Белорусија имавме шанси, можевме да се вратиме во игра. Само промашивме, а среќата беше на страната на Белорусите. Затоа, верувам дека ако зборуваме за напаѓачкиот потенцијал на тимот, само треба да ја подигнеме статистиката. Против Белорусија шутиравме кон голот 16 пати, додека Белорусите шутираа 19 пати. Прашање е на квалитет – тоа е сè. Постигнавме голови против Лихтенштајн, против Велс, па дури и постигнавме голови против Белорусите. Ќе видите утре дека Македонија ќе игра со тројца централни играчи, што значи ќе биде тешко да се пробие на начинот на кој вие замислувате со отворен напад“ – истакна селекторот на Казахстан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА