И со „хоризонтален жив ѕид“: Противниците веќе не бираат начин како да ги бранат слободните на Барди… (ВИДЕО)

Противничките фудбалери повеќе не бираат начин како да го сопрат прецизното изведување слободни удари на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Така беше и синоќа на дуелот од Ла Лига меѓу Леванте и Реал Сосиедад кој заврши со триумф на тимот од Сан Себастијан од 1-3. Во второто полувреме при 1-0 за Леванте, Барди имаше одлична шанса да ја зголеми предност на својот тим од слободен удар.

Одлично ги изведе слободниот удар пласирајќи ја топката под живиот ѕид на гостите кои потскокнаа… Топката, која одеше кон мрежата на Реал Сосиедад, го мина ниско по земја живиот ѕид но не и последната бариера а тоа е фудбалерот на гостите Ојарзабал кој се одлучи да легне веднаш зад фудбалерите од живиот ѕид и на тој начин спречи погодок на македонскиот репрезентативец…

Се вчитува...