Прв ден за Џерард во академијата на Ливерпул: Со нетрпение го чекав овој ден (ФОТО)

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, денеска го има својот прв работен ден како тренер во младинската академија на клубот. Тој одлучи да ја заврши богатата кариера и да почне со учење на тренерскиот занает, пренесувајќи им го своето искуство и фудбалско знаење на младите фудбалери од академијата на Ливерпул.

zerard akademija 3

„Среќен сум. Со нетрпение го чекав овој ден и морам да признам дека имав и позитивна трема. Ќе се трудам максимално да им го пренесам своето искуство на младите фудбалери. Горд сум што повторно се вратив дома“, изјави Стивен Џерард.

zerard akademija 1

Се вчитува...