Цедевита е екипата што може да се пофали дека прва го земала скалпот на Црвена звезда сезонава во АБА-лигата, прекинувајќи ја серијата од 15 победи на белградските „црвено-бели“. Хрватскиот првак тоа го стори во голем стил, декласирајќи го актуелниот вицешампион во регионалната лига со убедливи 84-68, уште повеќе продлабочувајќи ја кризата во таборот на српскиот шампион.
Израмнета беше само првата четвртина, за потоа Цедевита да го добие вториот период со 28-13 и да создаде одлична предност. Шансите на Црвена звезда за камбек исчезнаа по очајниот напад во третиот период во кој гостите постигнаа само 12 поени (21-12), по што „црвено-белите“ во последните десет минути се изборија само конечната негатива да биде под 20 поени.
Пулен со 15 и Кобс со 14 поени беа најефикасни во таборот на Цедевита, додека прв стрелец на Црвена звезда при денешниот пораз беше Добриќ со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА