Прв шок за Сити: Норвич го најде лекот за „граѓаните“ (ВИДЕО)

Во крајно драматичен натпревар во 5. коло од Премиерлигата, Норвич му го нанесе првиот пораз сезонава на Манчестер сити славејќи со 3-2 (2-1).

Норвич одлично го почна мечот со два погодоци во раната фаза, на Меклин во 18. минута и Кантел во 28. минута.


Сити си ја врати надежта со голот на Агуеро во 45. минута, но Пуки во 50. минута повторни ги носи домашните до два гола предност.

И покрај постојаните обиди до крајот, „граѓаните“ единствено успеаја да го ублажат поразот со погодокот на Родри во 88. минута.

Манчестер сити сега е со пет бода заостанување зад Ливерпул на врвот од табелата во Премиерлигата.

Се вчитува...