Прв трофеј за Федерер во 2018 година

Роџер Федерер успешно ја стартуваше новата 2018 година, веднаш стигнувајќи до првиот трофеј откако со својата сонародничка Белинда Бенчиќ успеа да стигне до пехарот во Хопман купот, во кој се натпреваруваат национални репрезентации составени од по еден играч во машка и во женска конкуренција.

Швајцарија во финалето се сретна со Германија, успевајќи да триумфира со 2-1 во победи и да се закити со холемиот пехар. Федерер во првиот дуел го совлада Алекс Зверев со 2-1 во сетови, 6-7, 6-0, 6-2, за потоа Кербер да израмни на 1-1 со победата над Бенчиќ од 6-4, 6-1.

Сепак, во дубл-пресметката Швајцарија беше подобра со 4-3, 4-2, за задоволство кај големиот ас.

Јас почнував во ова натпреварување со Мартина Хингис во времето кога не знаев како ќе ми се движи кариерата. Чувството и тогаш беше прекрасно како и сега. Уживав на теренот со Белинда, која играше одлично“ – изјави Федерер, потсетувајќи се на претходната титула во Перт, што ја освои со Хингис пред дури 17 години.

Се вчитува...