ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Борец ги реши „пандевци“, Шкендија „без муниција“ за ѓорчепетровци… (ФОТО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 12. КОЛО….

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ (2-2)

Зука 6′, Мишковски 75′ – Јурина 41′, Јусуфи 90′

Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ (1-0)

Ивановски 64′

Велес: БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (1-0)

Прелчец 80′

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2

=========================================================================================

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 12. КОЛО ВО ПМФЛ!
  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ВЕЛЕС. Победа на Борец од 1-0 против Академија Пандев

РЕНОВА – ШКУПИ (2-2)

2-2 – 90′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Фатјон Јусуфи носи израмнување за чаирчани на мечот против Ренова

БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (1-0)

88′ – Убава шанса за Академија Пандев. По корнерот од десната страна, Димов со глава но лесен плен за домашниот голман

БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 80′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Пеев почна акција од својата половина, длабочинска топка за хрватскиот напаѓач Никола Прелчец кој откосо од 15 метри постигнува евро-гол!

РЕНОВА – ШКУПИ (2-1)

2-1 – 75′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Ненад Мишковски по нафрлањето од прекин пред голот на Шкупи, во мешаницата сместува за ново водство на „гипсарите“

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)

73′ – Јашароски беше во убава шанса, но долго се местеше и неговиот шут беше изблокиран

СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ (1-0)

1-0 – 64′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. По центаршутот од десната страна од слободен удар на Тимовски, Иван Ивановски највисок во скокот со глава пред голот на гостите за водство од 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)

60′ – По центаршутот од левата страна, Марјан Радески пред голот на домашните во обид со глава но над голот

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)

58′ – Ибраими се обидува од слободен удар од 20 метри, но блокиран неговиот шут

БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

55′ – Обид на Пеев од далечина но над голот на гостите

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 12. коло во ПМФЛ…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ (0-0)

!!! – 45′ – ПЕНАЛ ЗА СИЛЕКС. Дарко Додев силно шутира но само во гредата од голот на гостите!

РЕНОВА – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 41′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Марин Јурина носи израмнување на мечот во Тетово

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)

41’ – Боби Божиновски се обиде да лобува од далечина, не беше прецизен

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)

30′ – Нови напади на тетовци. По десната страна Бејтулаи во акција, но повторно расчистува одбраната на Македонија ЃП

БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

23′ – Нова шанса за Борец, Прелчец сега во убава позиција осамен пред голот на Академија Пандев, но Димов одлично расчистува пред него

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)

!!! – 18′ – 100% шанса за Шкендија. Марјан Радески сам избива пред голот на домашните, но и покрај чистата позиција Марко Јовановски брани спречувајќи сигурно водство на гостите

БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

17′ – Одлична шанса за Борец. По нафрлањето од десната страна, во мешаницата пред голот на гостите Христов но одбраната на струмичани блокира во последен момент

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)

12′ – Емини се обиде од далечина да го загрози голот на Шкендија, но за малку над гредата

РЕНОВА – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 6′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Фисник Зука ги носи „гипсарите“ до предност на дуелот против Шкупи во Тетово

Почеток на четирите денешни натпревари од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига.

  • ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ ЗА ДУЕЛОТ МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА… Тетовци се без Агим Ибраими Бразилецот Фелипе во првиот тим на дуелот против Македонија ЃП. Тие ќе чекаат шанса од клупата….

  • ПОЗНАТИ СОСТАВИ ЗА ПРЕСМЕТКАТА ВО ВЕЛЕС МЕЃУ БОРЕЦ И АК. ПАНДЕВ…

======================================================================================

Во 12. коло од ПМФЛ, Академија Пандев во желба за враќање на лидерската позиција гостува на Борец во Велес. Шкендија, пак, посакува и втора победа по ред овој пат во дерби пресметката на гостински терен против Македонија ЃП.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...