ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Дербито во Тетово без голови, „пандевци“ се вратија на победите… (ФОТО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 9. КОЛО….

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (0-0)

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС (2-0)

Дориев 38′, Стоилов 70′(п)

Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (3-2)

Драгарски 29′(аг), Христов 41′(п), Прелчец 57′ – Кировски 5′, 42′

ВЧЕРА

Велес: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 1-0

================================================================================================

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 9. КОЛО ВО ПМФЛ…

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

90’+3 – Шефити имаше убава шанса, Гачевски одбрани

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

88′ – Извонредна акција на Шкендија. Проигран Ибраими но неговиот шут го блокира Новак

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

77’ – Мурати шутира, но без проблем за Гачевски

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (0-0)

73′ – Робсон Да Силва одлично шутира директно од слободен удар од 25 метри, но топката сантиметри над гредата од голот на Шкупи

АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС (2-0)

2-0 – 70′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Ѓорѓи Стоилов прецизно стрела од белата точка за водство од 2-0 на струмичани

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

64’ – Тотална доминација на Шкендија. Алими нафрли, Бесарт Ибраими шутира со глава, а Гачевски одлично одбрани спречувајќи сигурен гол на домашните

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (3-2)

3-2 – 57′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Хрватскиот интернационалец Никола Прелчец повторно носи водство за Борец

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

59′ – Нова одлична акција на Шкендија. Агим Ибраими го проигра Бесарт Ибраими кој беше во добра позиција, но искомпликува и расчисти гостинската одбрана

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

52’ – Две одлични можности за Шкендија и две одлични одбрани на Гачевски. Бесарт Ибраими шутираше од слободен удар, Гачевски одбрани, а потоа и Имери беше во шанса, а голманот на Вардар му влезе во шут

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (0-0)

49′ – Сержињо во добар обид пред голот на Македонија ЃП, шутира откосо но сигурен е Марко Јовановски

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 9. коло…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ ВО ТЕТОВО. Без голови меѓу Шкендија и Вардар

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (2-2)

2-2 – 42′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. По само една минути израмнување. Нафрлување од левата страна, Кировски на вториот дирек речиси од мртов агол го изненадува домашниот голман

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (2-1)

2-1 – 41′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Симеон Христов од пенал смирено шутира за водство на Борец…

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (0-0)

39′ – Одлична шанса за Воша да ја донесе Македонија ЃП во водство, но гостинскиот голман Тхулио истрча на 15 метри и спречи погодок

АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 38′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Љупче Дориев испраќа извонреден шут од 18 метри и ниско по земја стрела во противничката мрежа

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

41’ – Бесарт Ибраими упати бомба од слободен удар од 30 метри, за малку над голот на Вардар

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (1-1)

35′ – Обид на Пеев од 18 метри, но високо над голот на гостите

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

38’ – Стенио Жуниор продре по десната страна, центрираше на пеналтикот, но Младеновски расчисти во последен момент

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

35’ – Младеновски несмасно стартуваше над Тотре, заработи жолт картон, а се создаде и непотребна нервоза и мешаница на теренот

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (1-1)

1-1 – 29′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. По шутот на Пеев од 18 метри, топката го зафаќа Драгарски кој ја сместува во сопствената мрежа

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

33’ – Имери шутира од 20 метри, Гачевски исфрли во корнер

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

30’ – Аврамовски шутира од 16 метри, високо над голот на Захов

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

26’ – Бесарт Ибраими шутира од 20 метри, Али блокираше во корнер

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (0-1)

!!! – 13′ – 100% шанса за Борец. Кристијан Николовски сам пред голот на Струга ТЛ со волеј шутира од десеттина метри но гредата го спасува голот на гостите

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (0-0)

8′ – Прва шанса за Шкупи на мечот во Ѓорче Петров. Јурина и Бајрами во добра можност, но расчистува во последен момент домашната одбрана

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

13’ – Бејтулаи продре по средината, се обиде од далечина, но не беше прецизен

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (0-1)

0-1 – 5′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. По нафрлањето од левата страна, Христијан Кировски од непосредна близина стрела за водство на стружани во Велес

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

7’ – Отворен фудбал на дербито во Тетово. Шкендија се обиде да наметне темпо, но Вардар засега ја има контролата на средината од теренот

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 9. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати составите за дерби пресметката во Тетово меѓу Шкендија и Вардар…

======================================================================================

Во 9. коло од ПМФЛ, дербито во Тетово каде Шкендија го пречекува Вардар. Академија Пандев во обид за триумф против Силекс, а Македонија ЃП го пречекува Шкупи.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...