ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Домаќините убедливи… Вардар и Ак. Пандев продолжуваат со победи, конечно триумф и на Шкендија (ФОТО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 11. КОЛО….

Скопје: ВАРДАР – БОРЕЦ (2-0)

Аврамовски 3′, Али Адем 71′

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (3-0)

Фелипе 31′, Мици 56′, Благојевиќ 78′(аг)

Струга: СТРУГА ТЛ – РЕНОВА (1-0)

Драгарски 54′

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (2-0)

Исени 36′, Сержињо 75′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-0)

Дориев 35′, Стоилов 38′, Рајковиќ 63′, Томовски 80′

=========================================================================================

  • КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 11. КОЛО ВО ПМФЛ!
  • Крај и на „Тодор Проески“… Победа на Вардар над Борец од 2-0!
  • Крај на натпреварот во Тетово. Победа на Шкендија од 3-0 против Силекс!

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-0)

4-0 – 80′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Соло продор на Томовски, извонредна шутира од 18 метри сместувајќи мајсторски под гредата од голот на гостите

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (3-0)

3-0 – 78′ – ГОООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По корнерот од десната страна што го изведе Агим Ибраими, Благојевиќ во обид д расчисти пред Чешмеџиев, ја затресе сопствената мрежа.

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (2-0)

2-0 – 75’ – ГООООООЛ за Шкупи. Одлично се снајде по акцијата од десната страна, шутираше од прва од пеналтикот и го изненади Шишковски.

ВАРДАР – БОРЕЦ (2-0)

2-0 – 71′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Брз контранапад на „вардарци“ откако Борец пропушти две одлични шанси, Адем шутира од 15 метри ниско по земја за 2-0

ВАРДАР – БОРЕЦ (1-0)

69′ – Одлична шанса за Христов. Соло акција, се избори за позиција но над гредата од голот на Вардар

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-0)

3-0 – 63′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Повторно одлична акција на Љупче Дориев и асистенција до Рајковиќ кој по само 20 секунди откако влезе во игра погодува од непосредна близина за 3-0

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

60’ – Марин Јурина излезе сам пред Шишковски, шутираше, но голманот на Работнички одлично инетрвенираше и спаси сигурен погодок.

СТРУГА ТЛ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 54′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. По нафрлањето од десната страна од слободен удар, Драгарски во мешаницата пред голот на Ренова погодува од непосредна близина

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (2-0)

2-0 – 56’ – ГООООООЛ за Шкендија. Одлична асистенција на Агим Ибраими, го проигра Мици кој влезе во шеснаесетникот и го совлада Даниел Божиновски

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

51’ – Агим Ибраими изведе корнер, Бесарт Ибраими шутираше со глава, но одбраната на Силекс спаси на самата гол – линија

  • ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ВО 11. КОЛО ОД ПМФЛ…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ….

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)

2-0 – 38′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Сега Дориев краде топка на својата половина, поведува одличен контранапад и го проигрува Стоилов кој прецизно стрела од 15 метри за водство од 2-0

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 36’ – ГООООООЛ за Шкупи. Бесар Исени прифати топка на 20 метри, влезе во шеснаесетникот и пласираше крај немоќниот Шишковски.

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 35′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Пандев убаво го проигра Дориев по десната страна, кој шутира од 16 метри и ниско по земја погодува во спротивниот агол од голот на Јовановски

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

34’ – Исени нафрли од левата страна, Илиќ во последен момент расчисти во корнер за Шкупи

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 31′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Евро-гол на Фелипе директно од слободен удар. Мајсторски изведен слободен удар на Фелипе од 25 метри, ја смести топката во долниот лев агол од голот на Силекс. Прв гол за Фелипе во дресот на Шкендија сезонава!

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

28’ – Марин Јурина се обиде со удар со ножички кон голот на Работнички, но не беше прецизен

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

22′ – Сашко Пандев во убава шанса за домашните, но за малку непрецизен покрај голот на Марко Јовановски

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (0-0)

24′ – Убава можност за Алими по проигрувањето од корнер од десната страна, се пробива во гостинскиот шеснаесетник но блокиран неговиот шут од 12 метри

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

20’ – Херера нафрли, Тошевски имаше обид со глава, но без ефект

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

15’ – Отворен фудбал на Чаир, и двата тима се обидуваат да стигнат до водство, но без изразени шанси

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

10′ – Мирен почеток на натпреварот во Струмица, без поголеми возбудувања и на двете страни

ВАРДАР – БОРЕЦ (1-0)

7′ – Убав шут на Симеон Христов од 18 метри, но брани Гачевски исфрлајќи во корнер

ВАРДАР – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 3′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Одличен шут на Аврамовски од 20 метри, топката зафаќа гостински дефанзивец и го изненадува голманот на Борец

Почеток на натпреварите од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига…

  • ПОЗНАТИ СЕ СОСТАВИТЕ ЗА ДЕРБИ ДУЕЛОТ МЕЃУ АК. ПАНДЕВ И МАКЕДОНИЈА ЃП…

  • ШКЕНДИЈА ВО ТЕТОВО ГО ПРЕЧЕКУВА СИЛЕКС…

  • ВАРДАР ВО НАЈСИЛНИОТ СВОЈ СОСТАВ НА ДУЕЛ ПРОТИВ БОРЕЦ…

======================================================================================

Во 11. коло од ПМФЛ, денеска Вардар на домашен терен го пречекува Борец. Во дербито на колото Академија Пандев во Струмица се среќава со Македонија ЃП, а Шкендија и Работнички во обид за излез од кризата со дуели против Силекс односно Шкупи.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...