ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Струга ТЛ го најде лекот за Вардар… Пораз на “црвено-црните” по 12 меча

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 14. КОЛО….

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ (1-0)

Жеравица 4′

Тетово: РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ (1-1)

Адеми 74′ – Пандев 8′

Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (2-1)

Кировски 25′, Тафе 45’+1 – Мицевски 80′(п)

Велес: БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

Прелчец 45’+2 – Божиновски 27′

УТРЕ

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

======================================================================================

КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 14.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА

* Крај на дуелот во Струга. Пораз на Вардар по цели 12 меча едноподруго

* Крај на натпреварот во Тетово. Реми меѓу Ренова и Академија Пандев

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

81′ – Ѓорѓиев од десеттина метри шутира над голот на Македонија ЃП

СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (2-1)

21 – 80′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Дарко Мицевски од пенал ја намалува предноста на Струга ТЛ

РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ (0-1)

1-1 – 72′ – ГООООЛ ЗА Ренова. Адеми носи израмнување за домашните

СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (2-0)

62′ – Мирен втор дел во Струга без многу возбудувања. Вардар поофанзивен со желба за погодок, но неуспешно

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

51′ – По корнерот од десната страна силен шут на Прелчец во скок, но Јовановски боксува

  • Почеток на вториот дел од натпреварите во 14.коло од ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 45’+2 – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Никола Прелчец го израмнува резултатот пред полувремето. Добар шут на Коцев, Јовановски ја одбива топката на која натрчува Прелчец и погодува од непосредна близина

СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (2-0)

2-0 – 45’+1 – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Стружани со двојна предност против Вардар. Арбен Тафе одлично реагира пред голот на гостите и носи предност од 2-0

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

35’ – Емил Абаз во 35 минута откосо од десната страна ја погоди гредата од голот на Македонија ЃП

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

0-1 – 27′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Боби Божиновски одлично реагираше во петерецот на нафрлувањето од левата страна и со волеј удар ја затресе мрежата на Борец

СИЛЕКС – ШКУПИ (1-0)

28’ – Иван Ивановски шутира од 15 метри, а Игор Алексовски успеа да одбрани

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

22’ – Марко Јовановски истрча од шеснаесетникот и со глава спаси опасна акција на Борец. Топката беше упатена кон Прелчец

СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 25′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. По двете пропуштени шанси за Вардар, казна на спротивната страна. Цветаноски одлично проби по десната страна нафрли пред голот на гостите каде Христијан Кировски одлично реагира и погодува против својот поранешен клуб

СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (0-0)

23′ – Нова одлична шанса за Вардар. Сега Мицевски по десната страна убаво шутира но Ѓуриќ брани исфрлајќи во корнер

РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ (0-1)

20′ – Велија продре по десната страна во шеснаесетникот на гостите, игра со рака на Маслаќ, но според судијата нема удар од белата точка и покрај протестите на домашните

СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (0-0)

17′ – 100% шанса за Вардар. Јован Попзлатанов сам изби пред голот на домашните во одлична позиција но шутира за малку покрај левиот дирек

РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 8′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Сашко Пандев со одлучен шут носи водство за струмичани во Тетово

СИЛЕКС – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 4′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Милош Жеравица ги носи кратовци до брзо водство

СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (0-0)

3′ – Клисман Цаке во добар обид со глава од десеттина метри но лошо ја зафати топката која завршува над голот на Гачевски

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 14 КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати се составите за пресметката меѓу Струга ТЛ и Вардар…

======================================================================================

Во 14. коло од ПМФЛ, Вардар гостува во Струга во желбата за продолжување на низата без пораз која трае веќе 12 натпревари. Академија Пандев на гостински терен против Ренова.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...