ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар и Шкендија убедливо до победи против Ренова односно Борец… (ФОТО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 13. КОЛО….

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (0-1)

Благојевиќ 30′

Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ (4-0)

Алими 23′, 30′, 66′, Б. Ибраими 24′

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА (2-0)

Аврамовски 20′, Попзлатанов 90′

Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ (0-0)

ВЧЕРА

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 1-1

======================================================================================

  • КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 13. КОЛО ВО ПМФЛ.
  • Крај и на натпреварот на „Тодор Проески“. Вардар славеше со 2-0 против Ренова!
  • Крај на натпреварот во Тетово. Убедлива победа на Шкендија!

ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

2-0 – 90′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Велковски одлично шутира од десната страна, Велии брани но на одбиената топка натрчува Попзлатанов кој од 5-6 метри сместува во празната мрежа

ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

71′ – Убава позиција за Селмани, шутира од 15 метри но лесен плен за Гачевски

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ (4-0)

4-0 – 66′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Хет-трик на Алими. Шутираше од 20 метри и погоди во долниот лев агол од голот на противникот

ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

65′ – 100% шанса за Реис Жуниро. Изби сам пред голот на Ренова, очи во очи со гостинскиот голман но Велии повторно поуспешен

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ (3-0)

55’ – Бесарт Ибраими шутира од 20 метри, крај голот на Борец

  • Почеток на второто полувреме на четирите натпревари од 13. коло во ПМФЛ…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

43′ – Гафури шутира откосо од левата страна, но Гачевски брани

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 30′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. По нафрлањето од левата страна, Дејан Благојевиќ пред голот на домашните од свртување од непосредна близина ја сместува топката во мрежата

ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

33′ – Нова одлична шанса за Аврамовски, шутира осамен од 12 метри но Велии брани спречувајќи нов гол на Вардар

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ (3-0)

3-0 – 30′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими шутира од 12 метри, гостинскиот голман брани но на одбиената топка натрчува Алими и од едно метро сместува во мрежата

ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

27′ – Реис Жуниор во убава позиција шутира од 12 метри, но покрај голот на Ренова

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ (2-0)

2-0 – 24′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими со шут од 20 метри ја тресе мрежата на противникот

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 23′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Арменд Алими со прецизен удар од 14 метри носи водство за Шкендија

ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 20′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Одлична соло акција на Аврамовски кој од 12 метри прецизно шутира за водство на домашните

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (0-0)

15′ – Одличен шут на Филип Дурански од 20 метри, но за малку покрај левиот дирек од голот на Марко Јовановски

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ (0-0)

16’ – Омар Имери постигна гол, но не е признат поради офсајд позиција

ВАРДАР – РЕНОВА (0-0)

11′ – Аврамовски во убава позиција, шутира од околу 15 метри откосо но покрај десниот дирек од голот на Ренова

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ (0-0)

9’ – Прелчец шутира од 18 метри, над голот на Шкендија

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 13. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати се составите за пресметката меѓу Вардар и Ренова…

======================================================================================

Во 13. коло од ПМФЛ, Вардар ја пречекува Ренова во желбата за дополнителни три бода и издвојување на врвот од табелата. Шкендија, пак, посакува триумф против Борец, како и Македонија ЃП која четири натпревари чека триумф.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...