ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Реми на Работнички во Тетово, доволно за Европа!

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 34.КОЛО

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА (2-0)

Барсегјан 54′, Балотели 64′

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (2-2)

Радески 74′, 88′ – Маркоски 7′, Вуковиќ 41′

Кратово: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (3-3)

Кастратовиќ 22′, Глигоров 36′(п), Мишевски 42′(аг) – Фереира 27′, Бујчевски 40′, Илијоски 65′

Скопје: ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА (3-0)

Бајрами 62′, Асани 74′, Јаневски 88′

Прилеп: ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-2)

Ристески 27′, Илијовски 41′, Цветаноски 58′, Мустафов 80′ – Јашароски 70′, Стојкоски 84′

ТАБЕЛА: Вардар 79 бодa, Шкендија 66, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 48, Силекс 43, Победа 38, Шкупи 36, Брегалница 21, Македонија ЃП 19 бода.

=========================================================================

Вардар ќе ја претставува Македонија во квалификациите од Лигата на шампионите, а Шкендија, Пелистер и Работнички во квалификациите за Лигата на Европа!

КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 34. КОЛО ВО ПМФЛ. Со ремито против Шкендија во Тетово, а поразот на Ренова од Вардар, ФК Работнички и дефинитивно обезбеди место во Лигата на Европа за новата сезона

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА (3-0)

3-0 – 88′ – ГОООЛ ЗА ШКУПИ. Со голот на Филип Јаневски, Шкупи води и со 3-0 на Чаир

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (2-2)

2-2 – 88′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Со вториот погодок на Марјан Радески, Шкендија израмнува во Тетово

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-2)

4-2 – 84′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Кристијан Стојкоски од пенал ја намалува предноста на домашните

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-1)

4-1 – 80′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Бурхан Мустафов убаво на 12 метри се ослободува од своите чувари, и откосо ниско по земја стрела во мрежата на гостите

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА (2-0)

2-0 – 74′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Јасир Асани шутира од десеттина метри за зголемено водство на Шкупи

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-2)

1-2 – 74′ – ГОООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Радески шутира од левата страна откосо и успева да го изненади Шишковски

СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (3-3)

3-3 – 65′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Израмнување во Кратово, Баже Илијоски го постигнува својот 126-ти првенствен гол…

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-2)

!!! – 67’ – Пенал за Шкендија. Садики го собори Радески во шеснаесетникот, но Шишковски го одбрани ударот од 11 метри на Хасани
vardar - renova
ВАРДАР – РЕНОВА (2-0)

2-0 – 64′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Балотели краде една топка на 20 метри, сам се изборува за добра позиција и со шут од 16 метри прецизно стрела во долниот лев агол од голот на Ренова

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-1)

3-1 – 70′ – ГОООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Со погодокот на Јашароски, „лавовите“ намалуваат во Прилеп

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА (1-0)

1-0 – 62′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Со голот на Маурем Бајрами, Шкупи доаѓа до водство на дуелот со Брегалница

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-0)

3-0 – 58′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Брза контра од десната страна, нафрлање пред голот на гостите каде Дејан Цветаноски со глава од 7-8 метри сместува во мрежата на Македонија ЃП

ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 54′ – ГОООЛ ЗА ВАРДАР. Брз контранапад на „вардарци“, Барсегјан откосо прецизно шутира за водство од 1-0

Почеток на второто полувреме…

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА СИТЕ ПЕТ МЕЧА ОД 34. КОЛО ВО ПМФЛ

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)

2-0 – 41′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. По брзиот контранапад по десната страна, со голот на Ристе Илијовски домашните доаѓаат до водство од 2-0

СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (3-2)

3-2 – 42′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Со автоголот на Филип Мишевски, кратовци повторно до водство

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-2)

0-2 – 41′ – ГОООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. „Романтичарите“ со погодокот на Иван Вуковиќ доаѓаат и до убедлива предност против Шкендија. Ивановски шутираше од 20 метри, Захов ја одби топката, а Вуковиќ со глава ја затресе мрежата на Шкендија

СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (2-1)

2-1 – 36′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Со погодокот на Глигор Глигоров од пенал, Силекс води повторно во Кратово

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

29′ – Матеј Цветаноски го добива и вториот жолт картон поради жесток старт, и исклучување. Македонија ЃП ќе игра со девет фудбалери на терен

СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (1-1)

1-1 – 27′ – ГОООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Со погодокот на Лукас Фереира битолчани израмнуваат во Кратово

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 27′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. По корнерот од левата страна, Александар Ристески највисок во скокот со глава и од 7-8 метри сместува во мрежата на „лавовите“

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

!!! – 24′ – ПРЕКИН ВО ПРИЛЕП. Судир меѓу фудбалерите по еден старт, па Даниел Карчески кај Победа и Трајче Стојковски кај Македонија ЃП добиваат директни црвени картони

СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 22′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Со погодокот на Јован Кастратовиќ, Силекс доаѓа до предност против Пелистер на дуелот во Кратово

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

21’ – Кире Маркоски речиси во идентична шанса како и при постигнување на голот, но овојпат Захов одбрани и исфрли во корнер

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

18’ – Абдурахими продре по левата страна, уфрли во петерецот, но Херера во последен момент изби во корнер

ВАРДАР – РЕНОВА (0-0)

18′ – Конечно прва шанса за Вардар. По проигрувањето од Николов, Џигаури од 15 метри од десно се обиде од убава позиција но шутираше непрецизно

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

17′ – Обид на Бајрами од слободен удар од околу 20 метри од левата страна, но без проблеми за гостинскиот голман кој брани на линијата

ВАРДАР – РЕНОВА (0-0)

10′ – Мирен почеток на „Телеком арената“, без шанси и на двете страни

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 7′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Kире Mаркоски доби топка во шеснаесетникот и рутински реализираше откосо од левата страна покрај Захов.

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

6′ – Прва 100% шанса за Шкупи, Асани во одличен продор шутира откосо но брани гостинскиот голман

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

2’ – Прв корнер за Шкендија, но одбраната на Работнички ја расчисти опасноста

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 34. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Погледите во денешното 34. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе бидат насочени кон дуелите меѓу Вардар и Ренова во Скопје и Шкендија и Работнички во Тетово, но овој пат не поради двете водечки екипи во шампионатот, но поради „гипсарите“ и „романтичарите“ на кои бодовите им се повеќе од важни во битката за Европа.
  • Во фокусот ќе бидат и дуелите на Победа во Прилеп против Македонија ЃП, и на Шкупи против Брегалница на Чаир, затоа што Победа и Шкупи се обидуваат да го избегнат местото кое носи бараж за опстанок, и директно да си обезбедат прволигашки настап и за следната сезона.

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 34. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...