ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар и втор меч по ред без триумф, Шкендија со „шестка“ за Ренова… (ФОТО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 15. КОЛО….

Велес: БОРЕЦ – СИЛЕКС (0-0)

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (6-1)

Имери 5′, Алими 50′, Б. Ибраими 54′, А. Ибраими 64′(п), Фазли 82′, Тотре 91′ – Селмани 85′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (1-1)

Рајковиќ 68′ – Цветаноски 93′

Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ (1-1)

Реис Жуниор 15′ – Диак 71′

ВЧЕРА

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2-0


======================================================================================

  • КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 15. КОЛО ВО ПМФЛ

АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (1-1)

1-1 – 90’+3 – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Прекрасно нафрлување од левата страна, Цветаноски со глава сместува во мрежата на домашните за израмнување

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (5-1)

5-1 – 85′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Ремзифаик Селмани ја намалува предноста на домашните

ВАРДАР – ШКУПИ (1-1)

82′ – Нова одлична можност за Шкупи. Фатјон Јусуфи шутира од 18 метри, но сега Гачевски брани исфрлајќи во корнер

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (5-0)

5-0 – 82′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Самир Фазли по враќањето во клубот го постигнува првиот погодок за уште поубедливо водство на Шкендија.

ВАРДАР – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 71′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Диак зафаќа една топка од 18 метри со волеј удар и постигнува убав погодок за израмнување

АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (1-0)

1-0 – 68′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Прекрасна акција на домашните, Сашко Пандев ја спушта со глава топката до Рајковиќ кој од само неколку метри погодува во мрежата на гостите

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (4-0)

4-0 – 64’ – ГОООООЛ за Шкендија. Агим Ибраими погоди од белата точка за водство од 4-0

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (3-0)

3-0 – 54′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими од десетина метри шутира под гредата и ја тресе мрежата на Ренова

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (2-0)

2-0 – 50′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одлична акција, Агим Ибраими со петица го проигра Жуниор, тој нафрли од десната страна, а Арменд Алими со прецизен удар го зголеми водството на Шкендија.

Почеток на второто полувреме на натпреварите од 15. коло во ПМФЛ…

  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

45’+1 – 100% шанса за Колевски. Осамен во продор пред голот на Шкупи, шутира од 16 метри но брани Алексовски

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-0)

41’ – Стенио Жуниор шутира откосо од десната страна, крај голот на Ренова

БОРЕЦ – СИЛЕКС (0-0)

35′ – Силекс напаѓа. Грозданоски во одлична позиција откосо од десната страна, но непрецизно кон голот на Борец

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-0)

28’ – Агим Ибраими нафрли од левата страна, Незири шутираше со глава, но крај голот на Ренова

БОРЕЦ – СИЛЕКС (0-0)

28′ – Нова добра можност за Силекс. Но, Ристовски стартуваше исфрлајќи во корнер пред гостинскиот напаѓач

АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (0-0)

27′ – Убава шанса за Струга ТЛ. Емран Рамадани во продор, шутира од 15 метри но блокиран неговиот удар

ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

23′ – Убав шут на Бајрами директно од слободен удар од околу 30 метри, но за малку над гредата од голот на Гачевски

ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 15′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Убава акција на црвено-црните од левата страна, проигран на 12 метри Реис Жуниор кој прецизно шутира за водство од 1-0

БОРЕЦ – СИЛЕКС (0-0)

11′ – Одлична шанса за Силекс. Додев шутира од свртување од седум метри, но за малку покрај десниот дирек од голот на домашните

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 5′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одличен центаршут од десната страна на Мурати, а на вториот дирек Омар Имери од неколку метри стрела во празната мрежа

ВАРДАР – ШКУПИ (0-0)

2′ – Одлична шанса за Колевски пред голот на Шкупи. Осамен на 10 метри, но се обиде да додаде и Алексовски ја спречува опасноста

  • Поради суспензијата од два натпревари шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски од трибините го следи дуелот со Шкупи

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 15. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати се составите за пресметка меѓу Вардар и Шкупи…

======================================================================================

Во 15. коло од ПМФЛ, Вардар пред своите навивачи го пречекува Шкупи во желбата за враќање на победите по претходниот пораз на гостувањето против Струга ТЛ. Шкендија ќе биде домаќин на Ренова, а Академија Пандев атакува на три бода против стружани.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...