ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар е старо-нов македонски шампион… Работнички го освои Кратово… (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 32.КОЛОСкопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (6-0)Блажевски 5′(п), 53′, Николов 16′, Којашевиќ 32′, Барсегјан 64′, Балотели 71′Тетово: ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА (3-0)Ибраими 19′, Абдурахими 58′, Радески 72′Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-2)– Ивановски 44′, Вуковиќ 94′Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА (1-2)Мбела 5′ – Гешоски 40′, Цветаноски 58′Битола: ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (3-0)Фернандо 41′, Илијоски 43′, 80′

ТАБЕЛА: Вардар 75 бодa, Шкендија 62, Работнички 52, Пелистер 48, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 32, Брегалница 21, Македонија ЃП 19 бода.

======================================================================

КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 32. КОЛО ВО ПМФЛ

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-2)

0-2 – 94’ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ, Класичен противапад, кој го реализираше Иван Вуковиќ

КРАЈ И НА ДУЕЛОТ ВО ТЕТОВО

КРАЈ НА „ТЕЛЕКОМ АРЕНАТА“… Убедлива победа на Вардар од 6-0… ВАРДАР Е СТАРО-НОВ МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН!

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-1)

83’ – Кире Маркоски излезе сам пред голот на Силекс, по проигрувањето од Елмас, но Митровиќ го одбрани неговиот удар

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (3-0)

3-0 – 80′ – ГООООЛ НА ПЕЛИСТЕР. Мајсторска соло акција на Баже Илијоски, кој го мина и противничкиот голман за убедлива предност од 3-0

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА (3-0)

3-0 – 72′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Погодок и на Марјан Радески за веќе убедлива предност на Шкендија против Брегалница

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (6-0)

6-0 – 71’ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Боарето доби длабинска топка, ја прими во шеснаесетникот и ј затресе мрежата на Макеоднија ЃП

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-1)

64’ – Филип Дурански излезе сам пред голот на Силекс, шутираше, но Митровиќ одбрани

IMG_6310

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (5-0)

5-0 – 64′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Несебичниот Блажевски избива сам пред голот на гостите, но се одлучува да го проигра Барсегјан кој беше во чиста позиција па зголеми на 5-0

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА (2-0)

2-0 – 58′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Абдурахими постигнува убав погодок за водство на Шкендија од 2-0

ШКУПИ – ПОБЕДА (1-2)

1-2 – 58′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Со погодокот на Дејан Цветаноски, Победа води на гостувањето против Шкупи

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-0)

53’ – 4-0 – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Блажевски одлично зафати волеј удар од 14 метри и го совлада голманот на Македонија ЃП.

IMG_6491

ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ

!!!!! * По мешаницата на патот кон соблекувалните, и вербалниот судир со судиите, црвен картон за напаѓачот на Силекс, Игор Недељковиќ

* Немили сцени по завршувањето на првото полувреме во Кратово. Вербален дуел на дел од домашните фудбалери со судиската тројка и со противничките играчи

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

sileks - rabotnicki 2

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-1)

45’ – Глигоров нафрли од десната страна, Недељковиќ шутираше со глваа, но крај голот на Шишковски

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 44’ ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Кире Маркоски одлично надмудри тројца противници по левата страна, ифрли во средината, топката дојде до Филип Ивановски, кој го матираше Митровиќ од 12 метри.

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (2-0)

2-0 – 43′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Одлично нафрлување од десната страна, а на 7-8 метри Баже Илијоски со глава сместува во мрежата на гостите

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 41′ – ГОООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Прекрасна акција на домашните. Фернандо мајсторски погодува со глава од десеттина метри по нафрлањето од левата страна

ШКУПИ – ПОБЕДА (1-1)

1-1 – 40′ – ГОООЛ ЗА ПОБЕДА. Со погодокот на Благоја Гешоски, Победа израмнува на Чаир

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-0)

3-0 – 32′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Одлично нафрлување на Брдаровски од десната страна, на десеттина метри пред голот на „лавовите“ се најде Којашевиќ кој прецизно стрела ниско по земја

IMG_6293

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)

26’ – Силјановски нафрли од слободен удар, но одбраната на Силекс ја расчисти опасноста пред топката да стигне до Ивановски.

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА (1-0)

1-0 – 19′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одлично од десно нафрли Хасани, а пред голот на Брегалница, Бесарт Ибраими со глава од 7-8 метри прецизно стрела

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (0-0)

18′ – Мирен почеток на дуелот во Битола, без поголеми шанси за погодок и на двете страни

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)

2-0 – 16’ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Бобан Николов доби топка на левата страна од шеснаесетникот, по корнерот на Глигоров, и со прекрасен погодок ја затресе мрежата

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

9’ – Шанса за Македонија ЃП. Стојкоски шутираше од десетона метри, но Алексовски одбрани.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)

4’ – Каланоски одзема топка на средината на теренот, се одлучи на удар од 25 метри, над голот на Работнички

ШКУПИ – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 5′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Со погодокот на Емануел Мбела и Шкупи води на Чаир во пресметката со Победа

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 5’ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Пенал за Вардар. Чешмеџиев стартуваше во шеснаестникот над Барсегјан. Дејан Блажевски стрела за водство на „вардарци“

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

1′ – 100% шанса за Вардар уште во 30 секунда од средбата. Блажевски се најде во убава можност, шутираше откосо но го погоди левиот дирек од голот на Македонија ЃП

ПОЧЕТОК НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ПЕТТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 32. КОЛО ВО ПМФЛ

* Повторно тажна слика на трибините на нашиот најголем стадион, и во моментите кога ФК Вардар се очекува да ја официјализира годинашната титула во домашниот шампионат. Едвај околу 100 гледачи на трибините, вклучувајќи и околу 50 членови на навивачката група „Комити“

* Најтрофејниот македонскиот клуб, екипата на Вардар денеска на „Телеком арената“ против Македонија ЃП се подготвува да слави 11-та шампионска титула во својата историја! Со три бода „црвено-црните“ и теоретски ќе бидат старо-нови шампиони на Македонија!

======================================================================

Стартуваат натпреварите од 31. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...