ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Со последното ревијално коло крај на сезоната во ПМФЛ!

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 36. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС (0-0)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (6-2)

Георгиев 10′, 21′, 71′, Здравков 50′, 62′, Велковски 53′ – Демир 5′, Ивановски 90′

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

Кадриу 40′ – Иловски 20′

Прилеп: ПОБЕДА – РЕНОВА (0-3)

Селмани 22′, 41′, Незири 77′(п)

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (3-1)

Асани 52′, 54′, Јуфо 78′ – Илијоски 10′

ТАБЕЛА: Вардар 83 бодa, Шкендија 70, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 52, Силекс 47, Победа 41, Шкупи 37, Брегалница 24, Македонија ЃП 23 бода.

=========================================================================

КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД ПОСЛЕДНОТО КОЛО ВО ПМФЛ

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ. Вардар – нов македонски шампион за сезоната 2016/2017!

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (6-2)

6-2 – 90′ – ГОООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Гостите успеаваат барем да го ублажат поразот со голот на Филип Ивановски

ПОБЕДА – РЕНОВА (0-3)

0-3 – 77′ – ГОООЛ ЗА РЕНОВА. Со голот на Неџит Мезири од пенал, „гипсарите“ веќе водат со 0-3

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (3-1)

3-1 – 78′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Со погодокот на Јуфо, Шкендија доаѓа до водство и од 3-1

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (6-1)

6-1 – 71′ – ГОООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Хет-трик за Бобан Георгиев. Неверојатно но вистинито, Брегалница води со 6-1 во Штип

ВАРДАР – СИЛЕКС (0-0)

70′ – Одлична шанса за Силекс да дојде до водство. Кастратовиќ го проигра Глигоров кој се најде сам пред голот на Вардар, но од 15 метри шутира за малку покрај левиот дирек

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (5-1)

5-1 – 62′ – ГОООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Штипјани не застануваат. Втор гол на Здравков за убедливо водство од 5-1 на испадната Брегалница од Првата лига

IMG_4615

ВАРДАР – СИЛЕКС (0-0)

59′ – Шанса за Ацевски, добар шут, но Алексовски брани не дозволувајќи гол за гостите

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (2-1)

2-1 – 54′ – ГОООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. И втор гол на Шпенд Асани за водство на тетовци

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (1-1)

1-1 – 52′ – ГОООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Со голот на Асани, Шкендија израмнува во Тетово

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (4-1)

4-1  – 53′ – ГОООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. И четврти гол во мрежата на Работнички. Овој пат стрелец Славчо Велковски

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (3-1)

3-1 – 50′ – ГОООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Со погодокот на капитенот Горан Здравков, штипјани водат и со 3-1

Почеток на второто полувреме

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

IMG_4517

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 40′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Со погодокот на Флориан Кадриу, Шкупи израмнува

ПОБЕДА – РЕНОВА (0-2)

0-2 – 41′ – ГОООЛ ЗА РЕНОВА. Со вториот гол на Селмани, Ренова доаѓа до водство од 0-2 во Прилеп

ПОБЕДА – РЕНОВА (0-1)

0-1 – 22′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. „Гипсарите“ со погодокот на Ремзифаик Селмани доаѓаат до водство во Прилеп

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)0-1 – 20′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Со голот на Дарко Иловски „лавовите“ доаѓаат до предност на Чаир

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (2-1)

2-1 – 21′ – ГООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Со вториот гол на Георгиев, Брегалница доаѓа до пресврт и водство со „романтичарите“

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (0-1)

14’ – Бесарт Абдурахими изведе слободен удар од 20 метри, над голот на Пелистер

IMG_4506

ВАРДАР – СИЛЕКС (0-0)

15′ – Прва шанса за Вардар, но Блажевски од убава позиција шутира високо над голот на Вујанац

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 10′ – ГОООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Со погодокот на Бобан Георгиев, Брегалница брзо израмнува против Работнички

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (0-1)

0-1 – 10′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Баже Илијоски по брз контранапад носи водство за Пелистер на гостувањето против Шкендија

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 5′ – ГОООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Прв до погодок на денешните дуели Работнички кој со голот на Бенјамин Демир поведува на гостувањето против Брегалница

IMG_4402

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД ПОСЛЕДНОТО КОЛО ВО ПМФЛ

Пред почетокот на натпреварот во Ѓорче Петров, церемонијален дел. Влатко Гроздановски, кој ќе биде капитен на денешниот меч против Силекс, доби посебно признание за неговиот придонесе во сите успеси во вардаровиот дрес. Ова е последен натпревар за Гроздановски во дресот на Вардар. Го игра 144-от натпревар во дресот на Вардар.

Признание и за Благоја Љамчевски кој, исто така, по крајот на сезоната ги напушта вардаровите редови.

  • Последно коло во Првата македонска фудбалска лига од сезоната 2016/2017. Вардар своето крунисување како нов шампион на Македонија ќе го има во Ѓорче Петров на дуелот против кратовски Силекс.
  • Последен натпревар во вардаровиот дрес ќе има и за Влатко Гроздановски, едно од најголемите вардарови имиња во последната деценија.

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 36. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...