Прва победа на Еурофарм Пелистер на јануарските подготовки

Еурофарм Пелистер триумфираше на контролниот меч против Горица со 24-27, како подготовка за вториот дел од сезоната. По ремито во првиот натпревар со Целје и поразот од ППД Загреб, битолчани стигнаа до првиот триумф на мини турнејата во Словенија.

Пресудно беше првото полувреме кое Пелистер го доби со 16-10 и до крајот само рутински беше приведен мечот до самиот крај. Ѓукиќ со осум гола беше прво име во таборот на битолскиот тим, додека голманите Чаневски и Трајковски заедно забележаа десет одбрани.

Кај Горица феноменален меч имаше голманот Сладољев кој собра 20 одбрани, а во наподот Бура постигна десет гола.

Се вчитува...