Прва радост за Лампард – младите Абрахам и Маунт блеснаа за Челси

Челси ја забележа првата победа во Премиер-лигата откако во рамките од третото коло славеше на гостински терен над Норвич со 2-3. Френк Лампард од самото преземање на кормилото им укажа доверба на дел од помладите фудбалери, кои му возвратија на гостински начин на денешниот дуел.

Тами Абрахам, кој беше трагичар на Супер-купот на Европа против Ливерпул, овојпат ја имаше улогата на херој постигнувајќи два гола, а еден погодок беше дело на Маунт.

Абрахам го отвори резултатот со волеј од десетина метри, но Норвич експресно израмни. Следеше гол на Маунт за ново водство на Челси, па ново израмнување преку Пуки, кој го постигна својот петти погодок сезонава во Премиер-лигата. Лондонскиот клуб беше подобар на теренот, а до трите бода стигна благодарение на Абрахам, кој со удар од дваесетина метри повторно се запиша меѓу стрелците.

Се вчитува...