Првата жена тренер која водеше машка екипа во Германија доби отказ

Сабрина Витман која во 2024 година стана првата жена тренер на машка екипа во една од првите три германските лиги, денеска доби отказ.

Витман си замина од клупата на Инголштад откако екипата доживеа три порази на последните четири натпревари и се наоѓа на 13-та позиција на табелата во трета германса лига.

„Ова одлука тешко ми падна, но мораше да биде донесена“, изјави спортскиот директор на Инголштад, Харалд Гартнер.

Витман за германските медиуми изјави дека сакале да остане на клупата и да се обиде да ја надмине резултатската криза.

„Ќе бев многу среќна да можев да продолжам да работам со екипата. За жал, довербата за такво нешто повеќе не постои, а клубот се одлучи да друго решение“, изјави Витман.

Сабрина Витман во 2024 година првично беше ангажирана како привремено решение за четири натпревари, но откако Инголштад не загуби на ниту еден од тие мечеви, таа доби долгорочен договор.

Минатата сезона, Мари-Луис Ета стана првата жена која тренирала машка екипа која настапува во Бундеслигата. Таа привремено, на пет натпревари беше главен тренер на Унион Берлин.

Се вчитува...