Претседателот на ПСЖ, Насел Ал-Келаифи се наоѓа под истрага на финансиската антикорупциска бригада во Франција, поради можен судир на интереси, објави „Лекип“.
Антикорупциската бригада истражува дали Ал-Келаифи го прекршил законот кога телевизијата БеИн спортс, која е во негова сопственост, во 2024 година ги добила телевизиските права за француската Лига 1.
Француските медиуми уште во март годинава пишуваа дека Ал-Келаифи вршел притисок врз претседателите на останатите екипи во Лига 1 да влијаат и да инсистираат Професионалната фудбалска лига (ЛПФ) да ја прифати понудата на БеИн спорт телевизијата.
Ал-Келаифи во тоа време бил прв човек на ПСЖ, претседател на БеИн медиа групацијата и член на управниот одбор на ЛПФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
