Претседателот на Манчестер сити, Калдун Ал Мубарак, им се обрати на навивачите по извештаите дека клубот е прогласен за одговорен за дури 114 од вкупно 115 прекршувања на финансиските правила на Премиерлигата. Пораката од „Етихад“ е јасна правната битка не е завршена, а Сити и понатаму инсистира дека ќе ја докаже својата невиност.
Според досегашните информации, санкцијата се уште не е одредена, а Сити има намера да ја оспори одлуката. Клубот нагласува дека постапката на Премиерлигата се уште е во тек.
Ал Мубарак изјави дека ги разбира реакциите што оваа вест ги предизвикала кај навивачите на Сити.
„Дел сум од овој клуб веќе 18 години. Имав привилегија да бидам со вас на ’Етихад‘, ’Вембли‘ и во Истанбул. Овој клуб ми е важен. Процесот во Премиерлигата се уште има долг пат, а нашето уверување и намера да ја докажеме невиноста на клубот се исто толку силни како и на почетокот“, рече Ал Мубарак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
