Првиот човек на српскиот фудбал има коронавирус

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, е пренесен на инфективното одделение во Клиничкиот центар во Белград, а српските медиуми тврдат дека има коронавирус. Тој пред 15 дена бил на саем за мода во Милано и најверојатно таму заболел, а на почетокот на март беше и во Амстердам на ждрепката за Лигата на нации и состанокот на Извршниот комитет на УЕФА. Таму беше и селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, како и македонска делегација од ФФМ предводена од претседателот Муамед Сејдини.

Вработените во ФСС денеска биле пуштени порано од предвиденото, пред завршувањето на работното време, а интересно е дека фудбалското првенство во Србија не е прекинато, туку викендов ќе се играат натпревари без присуство на публика.

Кокеза нема зголемена телесна температура и нормално конуницира со медицинскиот тим во Клиничкиот центар во Белград.

 

Се вчитува...