Првиот летен трансфер на Сити е од Португалија

Пеп Гвардиола и неговите избраници се максимално фокусирани на последните две кола во Премиер-лигата, но раководството на Манчестер Сити истовремено работи на обезбедување на трансфери за следната сезона. А првиот трансфер веќе е договорен, откако португалскиот весник „А Бола“ објави дека „граѓаните“ постигнале договор за да го доведат во своите редови португалскиот репрезентативец Бруно Фернандес.

Соиграчот на Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон се наоѓа на листата со желби на неколку европски гиганти, но англискиот првак успеал да го обезбеди неговиот потпис нудејќи 50 милиони евра, сума на која челниците на Спортинг претходно го проценија својот капитен. Бруно Фернандес сезонава настапи на 49 натпревари во дресот на Спортинг, постигнувајќи 26 огодоци, надополнети со 16 асистенции.

Во меѓувреме, се најавува и заминување на неколку фудбалери од тимот на Сити, а на врвот на оваа листа се Илкај Гундоган и Ријад Марез, а неизвесна е иднината и на Бразилецот Габриел Хесус, кој сезонава остана во длабока сенка на Серхио Агуеро.

Се вчитува...