Прво финале за Шарапова по враќањето од суспензија

Руската тенисерка Марија Шарапова се пласираше во финалето на турнирот во Тијанјин, откако во полуфиналниот дуел ја совлада Шуај Пенг од Кина, со 6-3, 6-1. Тоа ќе биде прво финале за Шарапова по враќањето на тениските терени, откако одлежа 15-месечна суспензија поради допинг. Во финалето ќе се пресмета со Белорусинката Арина Сабаленка.

Русинката Шарапова свпто претходно финале го играше во мај 2015 година, на турнирот во Рим.

Сабаленка во второто полуфинале беше подобра од Италијанката Сара Ерани со 6-1, 6-3. Таа во моментот се наоѓа на 102.позиција на ВТА листата и ќе се бори за својата прва титула во кариерата.

Се вчитува...