Прво коло во Втората Лига Запад: Гостивар го пречекува Охрид, Тетекс домаќин на стартот

Амбициозниот тим на Гостивар кој доведе неколку искусни прволигашки фудбалери во тимот, на стартот од новата сезона ќе го пречека Охрид на домашен терен. Домаќини ќе бидат и Тетекс и Скопје. Сезоната во двете второлигашки конкуренции стартува на 22 август (сабота), а почетокот на натпреварите е во 17 часот. Натпреварите ќе се играат без присуство на публика.

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД – Прво коло (22.08.2020)

Гостивар – Охрид

Дрита – Вардари

Скопје – Влазрими 77

Велешта – Кадино

Тетекс – Кораби

 

 

Се вчитува...