Прво засилување за Шкендија по доаѓањето на Ѓока: Потпишан договор со Ардин Далку

Уште далеку пред зимскиот преоден рок, македонскиот шампион Шкендија го промовираше своето ново засилување потпишувајќи договор со Ардин Далку, поранешниот фудбалер на украинска Ворскла Полтава и тогашен соиграч на Филип Деспотовски.

Далку, кој веќе три недели е во Тетово, право за настап ќе има од пролетниот дел од сезоната. Косовецот од 2012 година настапуваше за Ворскла, но од јуни оваа година ја прекина соработката.

„Среќен сум што потпишав за клуб како Шкендија. Целата моја досегашна кариера ја минав во Украина, а сега ме очекува нов предизвик за кој сум навистина мотивиран. Знам дека Шкендија е клуб со големи амбиции па ветувам дека ќе дадам максимум да се исполнат целите на клубот оваа сезона“ – истакна Далку по денешната промоција.

Се вчитува...