Првото чудо на Лампард: Хадсон Одои уште пет сезони во Челси

Френк Лампард денеска се израдува на триумф над Барселона како дел од летните подготовки, но новиот стратег на Челси забележа уште поголема победа убедувајќи го Калум Хадсон Одои да потпише нов договор со лондонскиот клуб. Крилниот офанзивец важи за еден од најталентираните млади англиски фудбалери, рамо до рамо со Џејдон Санчо од Борусија, па јасно е зошто „сините“ не сакаат да го продадат, притоа одбивајќи неколку понуди од Баерн Минхен.

Хадсон Одои во изминатите месеци одби најмалку три понуди за нов договор со Челси, но ставот на младиот фудбалер целосно се промени откако Лампард дојде на менаџерската функција на местото на Сари. Стариот договор на Хадсон Одои истекуваше на крајот од сезоната, па Челси се соочуваше со сериозна опасност тој да си замине без никаква отштета следното лето. Сепак, Лампард заврши фантастична работа убедувајќи го младиот ас да остане, па во изминатите месец дена експресно беа договорени сите детали за нов петгодишен договор меѓу Хадсон Одои и Челси, вреден 100.000 фунти неделна плата.

Младиот офанзивец заработи тешка повреда кон крајот на ланската сезона, поради што го очекува подолга пауза од терените.

Се вчитува...