Првото мегазасилување на Њукасл ќе пристигне од Барса?

Навивачите на Њукасл имаат причина за славје откако клубот што долги години се мачеше со „скржавиот“ газда Мајк Ешли денеска доби сопственици од Саудиска Арабија. Што е уште поважно, новите газди се крајно амбициозни и најавуваат составување на тим што би атакувал на трофеи, за што се подготвени да инвестираат оггромни суми пари во квалитетни засилувања.

Њукасл ќе има на располагање 200 милиони фунти за нови трансфери, а првото засилување би требало да пристигне од редовите на Барселона. Станува збор за Филипе Кутињо, фудбалерот што блескаше во Премиер-лиата во дресот на Ливерпул, но по заминувањето во Барса кариерата почна да му се движи во надолна линија. Тој е еден од најплатените играчи во таборот на Барселона, каталонците не успеаја да најдат купец за неговите услуги во текот на летото, но ситуацијата значително се менува со доаѓањето на новите газди на Њукасл.

На „црно-белите“ им недостига креативец во средниот ред, а Кутињо и самиот е заинтересиран за камбек во Англија, се со цел да се врати во посакуваната форма. Барселона би била задоволна и со отштета од 30 милиони евра само за да се ослободи од скапото промашено засилување, додека за самиот фудбалер е подготвен четиригодишен договор за плата од 10 милиони фунти по сезона.

Се вчитува...