Тоа би била сензација: Конте на клупата на Њукасл!

Антонио Конте сериозно размислува за враќање на тренерската работа по заминувањето од Интер, и тоа како предводник на Њукасл.

„Црно-белите“ во блиска иднина ќе добијат нови газди, откако Премиер-лигата конечно даде зелено светло за клубот да биде преземен од Шеикот Мухамед бин Салман од Саудиска Арабија, кој важи за еден од најбогатите луѓе во светот. Продажбата на клубот во текот на минатата година беше блокирана од британските власти и Премиер-лигата, но тие проблеми сега се надминати и Бин Салман најдоцна до крајот на месецот би требало и официјално да стане нов газда на Њукасл, купувајќи го мнозинскиот пакет акции од актуелниот сопственик Мајк Ешли.

Богатиот арапски газда планира сериозни инвестиции во играчкиот кадар, но промените ќе стартуваат од менаџерската функција, каде Шеикот Мухамед бин Салман сака да го доведе Конте на местото на Стив Брус. Италијанецот би добил плата во рангот на Пеп Гвардиола, но и доволно време за да го трансформира Њукасл од тимот од дното на табелата до претендент за висок пласман.

Извори блиски до трофејниот стратег тврдат дека тој сериозно размислува да го прифати овој предизвик, иако му е јасно дека во првите две години нема да може да се носи со тимовите од самиот врв на англискиот фудбал.

Се вчитува...