ПСЖ без Ди Марија и Тијаго Силва против Тулуз

Францускиот првак Пари Сен Жермен одигра фантастичен прв осминафинален меч од Лигата на шампионите против Барселона, славеше со 4-0, но паралелно мора да мисли и на домашните обврски, со оглед дека во моментов не е на лидерската позиција. Монако „киксна“ на гостувањето против Бастија, па „светците“ имаат шанса со триумф над Тулуз вечерва да се доближат на само еден бод негатива. Но, тренерот Унаи Емери има сериозни проблеми со составот.

Во тимот на ПСЖ нема да се најдат дефанзивецот Тијаго Силва и крилниот играч Анхел Ди Марија, а во прашање е доведен и настапот на Верати, Муние и Кавани. Сепак, Емери ќе мора да ризикува дел од овие играчи затоа што трите бода му се повеќе од потребни.

Ница вчера го прескокна ПСЖ и се најде на втората позиција со 56 бода, еден повеќе од „светците“, по триумфот на гости против Лориент.

Се вчитува...