Доминантната сезона на ПСЖ на француската фудбалска сцена беше комплетирана со освојување на уште еден трофеј, овојпат во националниот куп.
„Светците“ вечерва за противник во големото финале го имаа Ремс, рутински славејќи со 3-0 во меч што го решија во своја полза уште во првото полувреме. Баркола беше човекот на одлука со два брзи гола уште во првите дваесетина минути, а пред крајот на полувремето меѓу стрелците се запиша и Хакими, за печат на победата и новиот освоен трофеј.
Триумфот беше осигуран, па „светците“ не притискаа во вториот дел, рутински одржувајќи ја убедливата предност, но и чувајќи дел од силите за најважниот меч сезонава, големото финале од Лигата на Шампионите против Интер што е на програмата следниот викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА