ПСЖ го чува најдоброто: Хансен потпиша до 2022 година

Поразот од Вардар во финалето од ЛШ ги направи челниците на ПСЖ уште порешителни во обидите да се искачат на врвот на европскиот ракомет. Така, покрај квалитетните засилувања што се носат „светците“ воедно ги задржуваат и своите најдобри играчи, па Микел Хансен денеска потпиша нов договор со ПСЖ со важност до 2022 година.

„Се чувствувам пресреќен. Мојата авантура со овој клуб почна пред пет години и ќе трае уште долго. Ја делиме истата желба за победа, ги сакам мојот клуб, соиграчите и градот. ПСЖ е вистинскиот клуб за мене да продолжат да се развивам, како играч и како човечко суштество“ – изјави Микел Хансен, кој наскоро ќе наполни 30 години.

И првиот оперативец на „светците“, Жан Клод Блан, не го криеше задоволството по потпишаниот договор со Данецот.

„Новиот договор со Микел Хансен само ја потврдува решеноста на нашиот клуб да атакуваме на врвни резултати и во следните сезони. Тој е симбол на нашиот клуб и ќе има клучна улога во успесите на ПСЖ во годините што следат“ – истакна Блан.

  

Се вчитува...