Францускиот гигант Пари Сен Жермен се подготвува за завршна офанзива во летниот преоден рок. Во најава на мегатрансферот на Нејмар, кој ќе ги урне сите рекорди, раководството на „светците“ размислува и за засилување на средниот ред. Евидентно е дека од Париз ќе си замине Блес Матуиди, а тренерот Унаи Емери сака да го доведе Жоао Марио од редовите на Интер.
Португалецот дојде на „Џузепе Меаца“ за сума од 45 милиони евра, но се чини дека и не се покажа во најдобро издание во својата прва сезона во дресот на Интер. Новиот тренер на „нероаѕурите“, Лучијано Спалети, сериозно смета на неговите услуги, но ПСЖ е клуб кој може да понуди навистина примамливи финансиски услови доколку инсиситира да го добие посакуваниот играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА