ПСЖ го сака Џером Боатенг, ама нуди „само“ 50 милиони евра

Францускиот првак Пари Сен Жермен е сериозно заинтересиран за ангажман на дефанзивецот на Баерн Минхен, Џером Боатенг. Тренерот на „светците“, Томас Тухел, е голем фан на играта на Боатенг, а тој доби дозвола за трансфер од баварскиот гигант, но за сума од 80 милиони евра. Сепак, ПСЖ нуди „само“ 50 милиони евра за 29-годишниот германски репрезентативец.

Боатенг веќе ја договорил платата со ПСЖ, каде би заработувал 8 милиони евра по сезона.

Тухел во моментов има тројца квалитетни дефанзивци, Тијаго Силва, Маркињос и Кимпембе, а Боатенг би ја комплетирал одбранбената „четворка“.

Се вчитува...